Во рамките на посетата на Општина Бутел, остварив средба и со здравствените работници. Поразговаравме за здравствената криза предизвикана од Ковид-19 вирусот кој што ја зафати Република Македонија, како и за нивото на ефикасност при справувањето со истиот, објави потпретседателот и носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2, Владо Мисајловски.
Здравствените работници цврсто стојат на ставот дека Министерството за здравство, министерот Филипче и властите можеа многу подобро да се справат со ситуацијата доколку покажеа малку интерес, наместо да спроведуваат ПР методи за манипулирање на јавноста. Се согласивме дека во моменти кога е во прашање здравјето на граѓаните, не смее да има политички препирки и препукувања, туку да има консензуално донесени решенија кои ќе помогнат во справувањето со пандемијата.
Здравствените работници посочија дека здравствениот систем е пред колапс и дека здравствените работници ги немаат соодветните услови за работа. Здравството е еден од постулатите врз кој се темели секое силно општество и ние мора да тежнееме кон екстензивно надградување на здравствените капацитети.
Здравјето на граѓаните е на прво место. Затоа, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува по победата на 15-ти јули да ги заложи сите капацитети од сферата на здравството и да го подобри јавното здравје низ целата земја, вели Мисајловски во својата објава.