Епископскиот совет на Српската православна црква соопшти денеска дека ќе ги почитува новите мерки на црногорското Министерство за здравство, кои се однесуваат на забраната за верски собири, иако, како што наведува, тие се „очигледно селективни и дискриминаторски“.
Во соопштението се вели дека тие вчера биле информирани за одлуката од претставници на црквите и службени лица во Институтот за јавно здравје, „со кои не е договарано за укинување на литиите, ниту е поддржана нивната забрана“.
Епископскиот совет ги повика верниците во исто време да се соберат на молебен во своите храмови, затоа што верските обреди во црквите, манастирите и на површините што им припаѓаат не се „и никако не можат да бидат забранети“, пренесува РТЦГ.