Во Пекинг е пуштена во работа мобилна лабораторија на надувување за тестирање на вирусот Ковид-19, чиј капацитет е 30.000 тестови дневно.

Таа е поставена во спортски центар во областа Дасинг во Пекинг.

Лабораторијата, наречена „Огнено око“ има девет комори на надувување, од кои три се користат за примање примероци, а во другите шест комори има 14 автоматски машини за тестирање на Ковид-19, јави Меѓународното кинеско радио (ЦРИ).

Секоја машина може да тестира 96 примероци истовремено.

– Работата на лабораторија од ваков вид значително ќе ја зголеми ефикасноста на тестовите за нуклеинска киселина, рече Лиу Син, претставник на кинеската компанија за биолошка технологија и геномика БГИ.