Направивме пресврт и јасна разлика. Од  општество под режим во кое ВМРО-ДПМНЕ газеше врз достоинството на луѓето, станавме социјално општество во кое се води грижа за секој поединец и сите уживаат еднакви права, порача од Градско Јагода Шахпаска, носителка во ИЕ 3 на Коалицијата „Можеме“.
– после сите промени кои ги направивме изминативе години, време е за ред, правда и дисциплина. Нема веќе одложување, време е да изградиме праведна држава со прочистување на правосудството од корумпираните судии и обвинители. Не смее повеќе да има судии кои застаруваат предмети во спротивно ќе бидат разрешени по автоматизам. Започнува детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители и темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор. Време е за ред и дисциплина во сите институции!, рече Шахпаска.
Најави дека ќе биде воведена законска обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери во извршната, локалната и судската власт, а за оние раководители кај кои е утврдено нечесно работење ќе следуваат санкции.
-Администрацијата мора да им служи на граѓаните и затоа, дополнително ја професионализираме и ја намалуваме за 20%. Системот на патни трошоци покажа можност за злоупотреби и сериозно ја намали довербата на граѓаните во своите претставници. Затоа, ги укинуваме патните трошоци за пратениците во Собранието.Додека СДСМ нуди грижа за сите, ВМРО-ДПМНЕ нуди погазување на достоинството на граѓаните. Додека СДСМ нуди професионални институции во служба на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ нуди партизирана администрација во служба на лични и партиски интереси.Затоа, на 15 јули граѓаните ќе изберат да живеат во праведна држава, ќе изберат неселективна правда, наместо ново Сваровски судство, истакна Јагода Шахпаска