Британската Влада ќе ги ублажи мерките воведени поради пандемијата на Ковид-19 и на тој начин на граѓаните ќе им се овозможи да патуваат на одмор.

Владата се очекува да го укине задолжителниот 14-дневен карантин за сите оние граѓани кои се враќаат од патување во странство. Тоа ќе биде заменето со „принципот на семафори“.

Имено, за државите од зелената и жолтата група, нема да биде потребна самоизолација, додека за оние кои се враќаат од дестинациите од црвената листа, е предвиден карантин.

Кои земји ќе бидат ставени во која категорија ќе зависи од сегашната епидемиолошка состојба на тие дестинации.

Детален список на земји ќе биде објавен следната недела. Се очекува Шпанија, Грција и Франција да добијат зелено светло.