Косомос што го рушеа – воскреснува. Режимот што рушеше е минато, ние градиме, објави вечерва техничкиот премиер, Оливер Спасовски.
– Го срушивме режимот и ја ставивме државата на прав пат. И оттука ја праќаме пораката – никогаш повеќе режим да ја руши и краде државата. Ние градиме пријателства, мостови, институции, инфраструктура, партнерства… Можеме, објави Спасовски.
Инаку, „режимот“ за кој говори Спасовски беше (претходната) власт избрана од народот последователно на повеќе парламентарни и локални избори, а Космос е (диво)градбата на Фијат Цаноски во Скопје за која се водеше судски спор и беше урната поради отстапување од законските норми.