Израелската армија денеска соопшти дека убила седум вооружени терористи, за кои смета дека се припадници на Исламска држава. Тие се елиминирани кога преминале на Голанската висорамнина на израелска територија.
– Израелски воен авион синоќа ги сними како се обидуваат да ја преминат оградата на израелската страна на Голанска Висорамнина, а во понатамошната истрага се откриени неколку пушки и експлозив, изјави портпаролот на израелската армија, поручник Џонатан Конрикус.
Претходно беше објавено дека инцидентот се случил во јужниот дел на Голанска Висорамнина, кој е под контрола на Сирија, а руското Министерство за одбрана соопшти дека Русија ќе испрати воена полиција и ќе постави осум набљудувачки пункта, со цел да се избегнат какви било провокации.