Насобраните демонстранти пред Национално собрание вечерва повторно ги нападнаа бројните полициски сили, кои се поставени во неговото обезбедување. Врз полицијата беа фрлени камења и факели, на што беше возвратено со солзавец.
На платото и на скалите пред Собранието има поставено железна ограда и два реда силно вооружени полициски сили, кои по фрлените камења врз нив се прераспоредија понапред , притоа испукувајќи неколку солзавци. Поголемиот дел од насобраните демонстранти се повлекоа во паркот наспроти собранието, додека мал дел се уште се пред оградата и ги провоцираат и навредуваат полицајците.
Во толпата пред собранието се голем дел од опозициските лидери, собрани околу Сојузот за Србија, кои попладнево се собраа пред Филозифскиот факултет во Белград, каде побараа преодна влада во земјата и нов Кризен штаб во кој, како што ќе кажаа, ќе влезат вистински експерти епидемиолози.