Носителот на листата од ВМРО-ДПМНЕ во Изборна единица 3 Игор Јанушев порачува дека правда мора да има и најавува дека ќе го укинат извршувањето на куќи и станови.
– Македонија е заробена држава. Нема правда, нема систем. Се обврзуваме на: Нулта толеранција на корупција и непотизам во правосудството; Ветинг во правосудството; Проверка на имотна состојба на носителите на јавни функции; Ќе го укинеме извршувањето на куќи и станови, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.