Пред да го кажам она што граѓаните очекуваат да го слушнат, предлагам да слушнеме еден аудио запис, кој денес излезе низ медиумите и граѓаните имаа шанса да го чујат.
На оваа снимка се слуша она што целата јавност и граѓаните веќе го знаат, а ние го говориме подолго време, дека сите пари од рекетот кој го зимале оваа претходна влада на СДСМ, велам претходна бидејќи паѓаат на 15-ти јули, завршувале кај Зоран и Вице Заеви.
Почитувани граѓани, готови се.
6 милиони евра, 6 милиони евра е сумата која Зоран Заев ја бара и зема преку адвокатот Димишков, имено брат на судијката Димишкова.
Зоран Заев е шефот на рекетарската група која го изврши најголемиот рекет за кој слушнала јавноста во Република Македонија.
Претходно во друг аудио запис граѓаните слушнаа како самиот Димишков вели дека Зоран и Вице Заеви забегале во барањето на огромни суми на рекет, односно дека барале 6 милиона евра и дека тој ќе се обидел да намали.
Очигледно по денешната снимка видовме дека Зоран Заев бил дециден и дека немал намера да намали помалку од 6 милиона евра рекет.
Затоа предлагам и замолувам да ја чуеме онаа снимка од адвокатот Димишков каде што објаснува за 6-те милиони евра кои што ги побарале директно Зоран и Вице Заеви.
Почитувани граѓани,
Во оваа снимка се потврдува дека Зоран Заев и Вице Заев диктирале која е сумата на рекетот која треба да биде платена. Повторно ќе кажам готови се, фатени се дека земале рекет.
Дополнително, мораме да потенцираме дека Зоран Заев изгубен и избезумен дека е фатен во најголемиот криминал до сега, јавно на ТВ дуел со Претседателот Мицкоски ја лажеше целата јавност дека не го познава адвокатот Димишков.
Предлагам да се потсетиме и на тој момент, да ја чуеме и таа лага на Зоран Заев за да биде се комплетно.
А, сега би сакал директно да им се обратам на т.н. рекетари, почитувани мафиози во обид, членови на кланот Заеви, ви паднаа маските и ви дојде крајот. Повторно ќе ви кажам готови сте.
На грбот на лагите кои им ги пласиравте на граѓаните, изрекетиравте и испокрадовте милиони и милиони евра од бизнисмени, недолжни граѓани и од државата.
Ви дојде крајот и ќе одговарате.
Разобличени сте.
15-ти јули е денот кога конечно ќе сфатите дека оваа држава не е ваша приватна сопственост, а вие не сте ставено во Влада за да крадете и рекетирате.
Одговорност за ваков криминал мора да има и верувајте ќе има и ќе ве стигне.
Јавното Обвинителство не ни очекуваме дека ќе отворат постапка за овој случај, бидејќи изминативе три години имаа 100-тина шанси да покажат дека не се под диктат на Заев, да го гонат криминалот вклучително директно да го гонат Зоран Заев, но за жал и тие се негови соучесници во целиот криминал.
Затоа, после изборите, после 15-ти јули, откако граѓаните ќе одберат Обнова на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе формира Влада, ве уверуваме, ве уверуваме вас, ги уверуваме и граѓаните на Република Македонија, секој што се огрешил пред законот, вклучително и цело СДСМ и семејството Заеви што се вмешани во криминал, повторно потенцирам ќе одговараат! Ви дојде крајот, готови сте.