Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека бројот на смртни случаи кај лицата со ковид 19 во Русија е многу пати помал отколку во другите земји, јави државната агенција ТАСС.

„Бројот на смртни случаи во Русија на примерок од 100 000 пациенти со коронавирус е помал отколку во другите земји, вклучително и земјите од ЕУ со развиени здравствени системи“, рече рускиот претседател.

Тој посочи дека бројот на ново заразени се стабилизира и не расте, а бројот на пациенти кои закрепнале расте од ден на ден.