Француската Влада и медицинските синдикати денеска потпишаа договор за зголемување на платите на болничкиот персонал, откако беа поздравени како херои за време на епидемијата на коронавирусот, јави ДПА.

„Историскиот“ договор ќе вклучува дополнителни 7,6 милијарди евра (8,6 милијарди долари) годишно, изјави министерот за здравство Оливие Веран.

– Околу 1,5 милиони работници би добиле нето зголемување од 183 евра месечно, а ќе бидат ревидирани и „скалите“ за некои групи, како медицински сестри и медицински помошници, рече Веран.

Претседателот Емануел Макрон вети во март план за инвестирање во болници и подобро наградување на здравствените работници откако ќе заврши епидемијата.Групата што организираше протести ја отфрли зделката како неадекватна и повикаа за утре штрајк во Париз.