Борбер авион Ф-16 Вајпер на американските воздушни сили се урна при слетување во воената база во Њу Мексико. Пилотот се катапултирал и успеал да се спаси, јави Би-Би-Си.
Воени извори соопштија дека пилотот добил лекарска помош поради полесни повреди.
Причините за инцидентот се истражуваат.
Според Фокс Њуз, ова е петта несреќа на воен авион во САД од мај до сега.