Во Индија се е поголем дневниот број на инфицирани лица со новиот коронавирус. Според Универзитетот Џонс Хопкинс петти ден по ред е регистриран рекорден број на новозаболени, што се движи од 27.000 до 29.000 луѓе.
Индиската сојузна држава Махараштра е најпогодена од епидемијата со околу 8.000 новозаболени во изминатите 24 часа. Во Махараштра вкупно заболеле 275.000 луѓе, од кои 10.000 починале.
Во Мумбај заразени се речиси 100.000 лица.
Во меѓувреме расте бројот на заразени лица во сојузната држава Карнтака, каде во изминатото деноноќие регистрирани се над 3.000 новозаболени. Главниот град на државата Бангалор, познат како индиската Силиконска долина, на почетокот од неделата е ставен во карантин.
Со повеќе од 900.000 луѓе заразени со Ковид-19 и 24.000 смртни случаи, Индија е трета држава во светот по бројот на инфицирани со новиот коронавирус, по САД и Бразил.