Иван СОКОЛОВ

Очигледно ваквите хорски напади кон ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски имаат еден диригент, а тоа е Зоран Заев, пишува на својот ФБ профил Иван Соколов од ВМРО-ДПМНЕ, член на раководството на партијата во 90-тите години од минатиот век. Во продолжение, тој додава:

Исто така очигледно е што ваквите напади доаѓаат во време кога ВМРО-ДПМНЕ прави напори за обезбедување на мнозинство во парламентот што очигледно укажува дека мотивите зад сето тоа се шансите за тоа, мали или големи да бидат упропастени. Клиентелистите во политиката и слугите на Зоран Заев служат за димна завеса да ги покријат неуспесите и да го оттргнат вниманието од вистинските фијаска кои секојдневно и се случуваат во реалноста. Убеден сум дека сите оние слуги на Заев уцените и клекнати на колена кои мора сега да одработуваат за него по кампањата добиваат име и презиме. Е сега вистинското прашање е каде беа овие три години да кажат збор за штетните политики на Заев, а во исто време се подготвени гласно да коментираат за состојбите во ВМРО-ДПМНЕ. За нив ова не е никаква борба за принципи, туку борба за спас на криминално стекнатото богатство и купување на слободата. Интересно е како “доктор Смрт” и “главната глава на режимот” станаа најпосакуваните ликови на Зоран Заев. Имено ќе потсетам дека господинот Мијалков со државна плата дојде до супер луксузен хотел во центарот на Скопје. Интересно е да одговори која е таа сила која му овозможува закрила и мистериозно ги става во фиока сите предмети кои се отворија против него?! Дали тоа што е најдобар другар со Вице Заев му овозможува купување на слободата. И да не ја залажува јавноста, на Мијалков му е важно ЕУ и НАТО, колку што на Пабло Ескобар му биле важни демократијата и принципите. Добро е што со ваквите хорски напади под диригентската палка на Заев се последниот крик на печалбарите во политиката и што ВМРО-ДПМНЕ се прочистува од неславниот багаж зад себе, пишува тој во својот статус на Фејсбук.