Горан АНГЕЛОВ

РАЗГОВОР СО ЌЕРКАТА ЕВА

-Тато ти си те*орист?

– Не сине, од каде ти е сега ова?

-Другарките ми рекоа дека ти си те*орист страшен и дека си во затвор зашто си лош. Дали си у*ил луѓе тато, те*ористите у*иваат невини луѓе?

-Не ќерко јас ја бранев Македонија. Тогаш така се викаше нашата земја, Македонија. Ја бранев од едни луѓе што сакаа да и го сменат името во Северна Македонија.

-Кога не си у*ил никого зошто те затворија толку долго, дури 12 години, само заради бранење на името Македонија?

-Македонија не е обично име ќерко. Македонија е свето име и должност на секој граѓанин е да го брани тоа име.

-Па тогаш кои се тие што не го сакаа името Македонија? Толку многу ли го мразеа тоа име да те затворат толку долго?

-Тие, ќерко, се луѓе немакедонци, тоа се луѓе што мразат се што е македонско, тоа се луѓе што ги сакаат само парите и власта. Тие луѓе не само што го сменија името, го сменија и името на нацијата во Северномакедонци. Тие луѓе не ме затворија само мене, затворија и уште други триесет и тројца други. Неколкумина ги пуштија за да им гласаат за промена на тоа име, други оти беа тешки кодоши, шпиони. Од памтивек луѓето што си ја сакале Македонија биле затворани, а некои дури и у*ивани. Им ги уништувале животите на цели фамилии, исто како овие сега. Ги затворале сите големи Македонци: Ченто, Брашнаров, Драган Богдановски и ред други. Некои не само што ги затворале туку и ги у*ивале ги кодошеле од памтивек. Ги кодошеле комитите, ги у*иле Гоце Делчев, Јане Сандански, Даме Груев, Тодор Александров…

-Тато дали ние треба да ја сакаме државата што ги затворала и у*ивала сите луѓе што ја сакале и се бореле за неа? Дали тато и тебе ќе те у*ијат за Македонија? Дали ние треба да побегнеме од оваа држава што си ги у*ива тие што најмногу ја сакаат? Дали тие другите кој ја избркаа мама од работа и те затворија тебе дали тие ќе не ма*ат нас целиот живот? Дали ќе можеме да си купиме за мене и за Филип нови патики и чевли и да јадеме пица и ќе одиме сите заедно во Охрид? Јас тато сакам да си дојдеш и да си одиме од оваа Северна Македонија и така самото име и е студено.

-Највероватно ќе си одиме ќерко, зашто за патриоти нема место во Северна!