Во последните 24 часа се направени 1437 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 64
-Куманово 7
-Штип 19
-Прилеп 1
-Тетово 7
-Струга 14
-Велес 1
-Битола 2
-Охрид 5
-Гостивар 6
-Радовиш 2
-Крушево 1
-Демир Хисар 1
-Свети Николе 3
-Кичево 4

Починати се 10 лица, пет пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Тетово, Гостивар и Радовиш.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на 66 години.

Во ГОБ „8 Септември“ починати се пет лица на возраст 79,76, 82,61 и 72 години.

Во Институтот за белодробни заболувања „Козле“ почина 81-годишен пациент. Во ОБ Куманово е починат пациент на возраст од 80 години. Во ОБ Гостивар е починат пациент на возраст од 63 години, во Филип Втори е починат пациент на 67 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравен пациент од:

-Скопје 41
-Штип 10
-Тетово 11
-Струга 25
-Велес 3
-Охрид 36
-Гостивар 5

Досега во земјата се направени вкупно 89703 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9547, бројката на оздравени пациенти е 5071, на починати е 442, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4034.