Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.В.(19) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 23.05.2020 на ул.„Божин Николовски“, пријавениот со тврд предмет го нападнал Џ.В. во дворот на неговата куќа, поради претходна вербална расправија за нерасчистени имотно-правни односи помеѓу таткото на пријавениот и Џ.В..