Граѓани кои добиле ваучери за туризам вредни 6.000 денари, кои можат да се искористат за одмор во дел од туристичките места низ Македонија, ги продаваат и за двојно пониска цена, објави ТВ Алсат-М.
На специјализираните интернет страници, каде се продава се и сешто, може да се види, како се нудат и овие ваучери за цени од по 3.000 и 4.000 денари, а има и такви кои продаваат и по два ваучери.
Неофицијално, граѓани ги нудат своите ваучери на хотелиери или на сопственици на приватни апартмани.