Засилувањето на калчолигашот Јувентус, Дејан Кулушевски, дел од летниот одмор пред почетокот на новата сезона и подготовките за неа ќе помине во Охрид.

Швеѓанецот со македонски корени е во друштво на неговиот соиграч од младинската репрезентација на Шведска, Жоел Асоро.

Кулушевски минатата сезона во Серија А ја помина во Парма, а Јувентус го купи за 40 милиони евра.