Првата ѕвезда на НБА клубот Милвоки, Јанис Адетокумбо рече дека жали за својата постапка на натпреварот против Вашингтон одигран рано утрово.

Во втората четвртина од средбата, Адетокумбо беше исклучен поради удар со глава на противничкиот играч Мо Вагнер.

– Ужасен чин. Кога би можел да се вратам назад, јас не би го сторил тоа, изјави играчот по натпреварот.

Сегашниот МВП на лигата се соочува со дисквалификација на повеќе натпревари поради неспортско однесување.