Речиси 300 вработени во британска фабрика која произведува сендвичи за трговскиот синџир „Маркс енд Спенсер“ се позитивни на Ковид-19.
Фабриката „Гринкор“ од Нортемптон, каде се вработени 2.100 луѓе соопшти дека дел од работниците се во самоизолација.
„Гринкор“ наведе дека 79 работници биле позитивни на Ковид-19, поради што компанијата вовела приватна програма за тестирање, при што се откриени уште 213 слуачи односно вкупни 292.