Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави денеска дека нема да има нови претседателски избори во таа држава.

– Вие нема да доживеете да го видите денот кога ќе направам нешто под притисок. Нема да има повторно избори, бидејќи во тој случај, нема да има фабрики, нема плантажи. Се ќе биде уништено за половина година, рече Лукашенко.

Тој денеска ја посети фабрика и во таа прилика рече дека има информации дека сите фабрики во државата работат нормално.

Неколку стотици демонстранти се собраа пред портите на фабриката за време на неговата посета, држејќи транспаренти со кои бараа негова оставка.