Противкандидатот на Александар Лукашенко на претседателските избори, Светлана Тихановска, изјави денеска дека е подготвена да стане национален лидер.

– Јас сум подготвена да ја преземам одговорноста и да дејствувам како национален лидер со цел да ја смирам ситуацијата во земјата и да ја вратам во нормален ритам, нагласи таа во видео пораката објавена на каналот Јутјуб.

Во исто време, таа побара ослободување на сите политички затвореници, како и подготовка на правна рамка и услови за нови претседателски избори, што ќе бидат признати од меѓународната заедница.

Протестите има веќе една недела во Белорусија, поради претседателските избори на кои прогласи победа Александар Лукашенко, кој освои повеќе од 80 проценти од гласовите.

Тихановска на тие избори освои околу 10 проценти од гласовите, но потоа замина во Литванија.