Коалицијата СДСМ-ДУИ не е за напредок на државата, туку за продолжување на лагите, криминалот и корупцијата, изјави на денешната прес-конференција Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.
-Коалицијата СДСМ-ДУИ е за продолжување на матните тендери, распродажба на државните интереси за сметка на личното богатење. Македонија нема да види преродба туку стагнација, проблеми и продлабочување на поделбите. Се што ветуваа пред изборите сега не важи. Заев за ДУИ сметаше и изјавуваше дека пет пари не вреди, дека време им е за опозиција, дека во Мала Речица било седиштето на криминалот. Потпретседателот на СДСМ Зекири сметаше дека ДУИ е канцерот во македонското општество. А од ДУИ сметаа дека СДСМ ги интересира само тендери и дека ја лажат македонската јавност. Денес имаме коалиција меѓу СДСМ и ДУИ за заштита на тендерите, бизнисите и криминалот. Денес имаме значи коалиција за влада која не вреди 5 пари, која е канцер на македонското општество и која е извор на криминалот. Она што ги обединува коалицијата СДСМ ДУИ е криминалот, корупцијата и лагите. Се што ветуваа пред изборите нема да биде исполнето. Уште сега јавноста треба да знае дека не чека уште поголема економска криза, затоа што една милијарда евра наместо за спас од Ковид кризата ја потрошија во изборен поткуп. Исто така европската иднина на државата ќе остане далечна, затоа што со криминал и корупција нема европска иднина. Правдата за оние кои се огрешиле спрема законот ќе остане недостижна и далечна, а ќе продолжат бизнисите и личните интересите. Воедно законот за потекло на имот кој ВМРО-ДПМНЕ ќе го поднесе треба да започне од врвот на СДСМ. Да види јавноста како од просечно земјоделско семејство Заеви станаа мултимилионери. Како луѓе од раководството на СДСМ стигнаа до палати во центарот на градот, го зголемија имотот со бизниси, хациенди и луксузни возила. Овој закон СДСМ и Заев не го сакаат затоа што тој се однесува против нивното богатство спечалено на грбот на народот, истакна Стојаноска.
И на крај, ним им треба 100 дена премиер Албанец за да ДУИ тоа го прогласи за некаков успех, а Заев да може црните работи и отстапки да ги препише на тој премиер. Ова се работи кои ја прават уште неформираната влада нелегимна и без кредибилитет, додава таа.