Поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Бенон денеска е уапсен поради наводна измама на донаторите за повеќе стотици илјади долари за изградба на ѕид на границата со Мексико.
Покрај Бенон, приведени се уште три лица.
Апсењето на Бенон го потврди Канцеларијата на сојузниот обвинител, додека неговиот адвокат се уште не го коментираше случајот.
Некоку часа подоцна американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека апсењето на неговиот поранешен советник Стив Бенон е „многу тажна работа“.
„Тоа е многу тажна работа за господинот Бенон. Изненадувачки е“, рече Трамп и додаде дека не му се допаѓал проектот „Градиме ѕид“ од самиот почеток.
Бенон се смета за еден од позаслужните за победата на Трамп на претседателските избори во Америка.