Тоа е награда и за мојата Македонија која ја претставуваме секаде низ целиот свет, објави музичарот Џамбо Агушев, кој е добитник на светско признание во музиката.
Албумот на Џамбо Агушев Оркестар Brasses for the masses e награден со престижната награда German Records Critics како најдобар албум во светот за 2020 година.
– Многу сум среќен, сакам да ја споделам оваа прекрасна вест со сите вас, секако тоа е награда и за мојата Македонија која ја претставуваме секаде низ целиот свет. Мојот албум повторно е награден со престижната награда German Records Critics како најдобар албум во светот за 2020 година. Ви благодарам на сите за вашата поддршка, напиша Агушев на својот профил на Фејсбук.