Над 1000 граѓани во Тетово го искажаа својот револт против одлуката на РКЕ да ја поскапи струјата за 7,4 проценти, објавува Курир.
Ова е четврти протест по ред, а денеска се протестираше само во Тетово и Гостивар а во останатите градови протестите беа одложени поради денешниот празник.
Демонстрантите бараат да се поефтини струјата и да се намали ДДВ за вкупно 46 проценти, потоа бараат да се укине РКЕ а да се формира ново независно арбитражно тело што ќе ги контролира услугите што енергетските компании им ги нудат на потрошувачите.