Кампања и притисок на клиниките и меѓу студентите на Медицинскиот факултет во Скопје. Професорите интензивно се вклучуваат во актуелните теми и тоа ни помалку ни повеќе со повик до сите студенти да излезат на референдумот кој не се однесува само на името и договорот со Грција, туку и на ЕУ и НАТО или на, како што често го викаат, референдум со прашање со три непознати.
Професорката на Медицинскиот факултет Даниела Чапароска, коментирајќи на Фејсбук, на постови кои некогаш се за, негогаш против референдумот, на еден од нив ги повикува студентите да гласаат, и оди и понатаму велејќи: „Тоа е единствената шанса да се вреднува вашиот труд и залагања“.