Германската канцеларка Ангела Меркел допатува во Сочи каде ја пречекале рускиот премиер Дмитриј Медведев и претседателот на Русија, Владимир Путин кој и подарил букет со рози со крем боја и друго цвеќе со пастелни бои, пренесува Тас.
Путин и Медведев накратко разговарале со Меркел и на руски јазик.
Мекрел му честитала на Медведев за новиот кабинет, на што тој возвратил дека се радува на новата сорабока со германската Влада.
Путин, по разговорите со Меркел ја повикал Европа да помогне во обновата на Сирија што е клучно за враќање на бегалците.
Тој додал дека помошта на Сирија мора да биде деполитизирана, односно да не зависи од тоа што на власт е Башар ал Асад.
Меркел побарал од Путин да го искористи своето влијание на Асад за да се укине законот со кој на Сиријците им е одземен имотот ако веднаш не ја потврдат својата сопственост.
Путин го поздравил и оздравувањето на двојниот агент Скрипал, додавајќи дека ако тој бил отруен со боев отров ќе умрел веднаш.
На средбата требало да се разговара за Украина, Сирија и Иран, но се очекува дека американските закани околу Северен поток 2 ќе ги истиснат овие теми и градбата на гасоводот ќе добие приоритет во разговорите.
Посетата на Меркел на Сочи и средбата со Путин покажува дека во Европа владее поделеност околу односите со Русија и дека Германија, какви и да се разговорите со Москва, нема намера да ги прекине врските.