Вчера, српскиот претседател Александар Вучиќ се фалеше дека од Трамп, не само што добил пенкало, туку добил и клуч од Белата куќа при што Трамп му порачал дека може да дојде кога сака.

Тоа требаше да покаже колку Вучиќ е ценет кај Американците и кај Трамп. Една пропаганда на ниско ниво која го затскриваше фактот дека Србија потпиша договор со државата Косово (тоа и не мора да биде лошо, но зошто тогаш ги правите луѓето будали). Се разбира, откако претходно беше напрвена мала ујдурма: бил вметат некој член за признавање на Косово, па откако Србите тоа онака по српски, резолутно го одбиле, следел останатиот дел.

Како и да е, да се вратиме на клучот од Белата куќа што Вучиќ го добил. Денеска, со таков клуч се пофали и шефицата на кабинетот на премиерот на Косово, Ардита Души, која го покажува симболичниот клуч од Белата Куќа, што го добила и косовската Влада!

Ете, така е тоа кога Трамп дели сувенири. Вака Заев имаше и средба со него. Се сеќавате кога трчаше да се намести некако за да се поздрави со него додека овој поминува, а Никола Димитров подготвен чекаше тоа да го фотографира, па да прикажат како Трамп со Заев безмалку си правел муабет за родот на доматите. Онака, домаќински.