Најмалку 18 полицајци загинаа во две провинции во Авганистан, јужно од главниот град Кабул, jaви ДПА, повикувајќи се на локалните власти.
– Најмалку 14 од нив, вклучувајќи и двајца локални полицајци, беа убиени во долината Киагх во провинцијата Газни откако талибанците нападнаа неколку контролни пункта. Нападот предизвика пожар, чие гасење траеше повеќе од два часа, изјави Насир Ахмад Факири, член на провинцискиот совет.
Насир и друг член на советот потврдија дека имало и ранети полицајци.
Од соседната провинција Логар, стигнаа контроверзни извештаи дека биле убиени најмалку четири полицајци во регионот Азра.
Член на провинцискиот совет Хасибула Станакзај изјави за ДПА дека воздушниот напад по грешка ги погодил полицајците додека ја попречувале офанзивата на талибанците.
Станакзај изјави дека речиси 300 талибанци извршиле координиран напад врз центарот на регионот од различни правци.