ПРЕДЛОГ ОД КЗБ: Хронично болните да се вратат на работа, а родилките дома до крајот на годинава

/ 07.09.2020

Комисијата за заразни болести (КЗБ) денеска донесе предлог-одлука хронично болните лица да се вратат на работа, освен за оние лица кои имаат извештај од специјалист за егзацербација на болеста.

За работничките кои се на продолжено породилно отсуство, отсуството ќе трае до крајот на годинава. Исто така, продолжува и ослободувањето на бремените жени од работа.

За родителите со деца до 10 години, ќе се одлучува на следниот состанок на КЗБ.

Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата на Република Македонија.


Од истата категорија