Сонот на сите претходни генерации за независна и слободна држава се исполни. Оваа година слободни и отворени кон светот ја славиме независноста, напиша утрово на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.
-Почитувани граѓани на Република С. Македонија, нека ни е честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста! Пред 29 години, на 8 септември, граѓаните на Република Македонија, на сите идни поколенија на оваа земја, им го дадоа најголемиот подарок – независноста на државата. Сонот на сите претходни генерации за независна и слободна држава се исполни. Оваа година слободни и отворени кон светот ја славиме независноста!, напиша на ФБ премиерот Заев.