Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, ноќеска во четвртфиналето на НБА плејофот против Хјустон направи четири блокади. Според прес-службата на лигата, 35-годишниот Американец се искачи на 12. место во историјата на лигата според бројот на блокирани удари во разигрувањето за титулата.
Досега Леброн има поделено 240 „банани“.
Поранешниот играч на Детроит и Кливленд, Бен Валас, кој е на 11-то место, има 250 блокади, а најблиску до Леброн во ТОП 10 во оваа статистичка категорија е Дикембе Мутомбо со 251. блокада.