Наташа Димитриевска, оштетена во случајот со сообраќајната незгода на „Теодосиј Гологанов, на семафорите со улица Анкарска, каде е забрането да се врти лево, вечерва на Алфа телевизија како гостинка на Љупчо Цветановски во „Што не ејасно“, истакна дека затаила правдата и сите надлежни правосудни органи.
Таа рече дека обвинетиот Васил Чорбаџиев против сообраќајните правилата ги преминал двете полни ленти на улицата каде се случила несреќата, иако таа и сега веќе починатиот сопруг возеле по прописиите, но, сепак, за смртен случај и изгубениот плод од бременоста му е досудена условна казна.
– Предолго траеше истрагата за толку пропусти да се направат од страна на обвинителството и за само едно дело да го гонат од небрежност. Според мене вршењето на ова дело е со умисла затоа што секое обвинителство има список на моменти кои претставуваат умисла, меѓу нив е и поминувањето на црвено светло, а дуплата линија претставува исто што и поминувањето на црвено, вели Димитриевска.
Таа истакна исто така дека по нејзе има и друго дело, а тоа неукажување на нужна помош затоа што лицето во моментот на несреќата ниту викнало брза помош, ниту пак се обидел да им помогне, ниту пројавил било каков интерес за нив.
– Би забележала дека несреќата се случува во октомври, а записникот се издава дури во 23.01.2019 година дури три месеци после настанот, истиот е предаден во обвинителство, а распитот каде за прв пат јас давам исказ е во јули месец, необјасниво е како толку долг период поминал, кога обдукцијата и документите е дадена на време, истакна Димитриевска.
Таа рече дека зошто толку време му било потребно на обвинителството треба да одговорат тие, а на 03.01.2020 се обратила до обвинителството да праша зошто се одолговлекува постапката иако постојат законски рокови за таквите предмети, и не била известена за ништо од поднесокот, освен поканата која подоцна ја добила за исказ.
– Се надевав на правда, но правосудните надлежни институции затаија, јас се изгубив, немам повеќе што да изгубам, одам до крај, сметам дека судот направил суштествени повреди на постапката кој ги направил судијата на предметот, како моето отстранување во судската чекална во моментот на изјавување на вината и на моментот на висината на казната, потенцираше Димитриевска.