Викторија Азаренка стави крај на соништата на Серена Вилијамс за освојување на рекордна 24-та грен слем титула на овогодинешниот УС Опен.
Во мечот од полуфиналето, тенисерката од Белорусија ја победи шесткратната освојувачка на турнирот со 1-6, 6-3, 6-3 за 1 час и 56 минути.
Вилијамс продолжува да води со 18-5 во директните натпревари со Азаренка.
Поранешната бр.1 во светот влезе во финалето на еден Гренд слем турнир за прв пат од 2013 година.
За титулата таа ќе спори со четврто пласираната Наоми Осака, која во своето полуфинале ја совлада Американката Џенифер Брејди со 7-6 (7-1) , 3-6, 6-3.