Во рамки на „Саемот на книгата 2020“, денеска ќе биде промовирана книгата „Големите сили и Македонија во текот на Втората светска војна 1941-1945 година“ на проф. д-р Марјан Димитријевски. Издавач на делото е Институт за национална историја – Скопје.
Книгата е базирана на најнови научни истаржувања во домашни и странски архиви. Промотор на книгата ќе биде генерал Павле Арсовски.
Промоцијата на книгата ќе биде на отворен простор во промотивниот центар на комплексот А1 АРЕНА – СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.