Аздисаноста на кадрите на Зоран Заев на челни позиции во МВР оди на штета на народот. Постојат серозни сомненија дека Лазе Велковски од позиција на началник на организиран криминал при МВР извршил кривично дело примање поткуп и на сметка на приватна фирма бил на одмор во Охрид во времетраење од цели два месеци, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Медиумите обвјавија дека Велковски во период од 20.07.2020 година до 10.09.2020 година престојувал во Охрид во приватна вила, каде ден чини 90 евра, а целиот одмор бил платен 4000 евра.

-Која е причината приватна фирма да го плати одморот за Лазе Велковски?! Лазе Велковски не е обичен граѓанин, туку е началник на организиран криминал и корупција?! Доколку приватна фирма му го платила одморот е извршено кривичното дело примање на поткуп од чл.357 од КЗ според кој е предвидена казна затвор од 1 до 10 години, изјави Орце Ѓорѓиевски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Тој додава дека постојат сомнежи согласно написите во медиумите дека кривично дело во случајов е извршено и од страна на фирмата која му го плаќа одморот на Лазе Велковски, односно истата понудила поткуп, што е исто така казниво согласно чл.44 од КЗ.

-Со што Лазе Велковски заслужил приватна фирма да му ги плати трошоците за одмор во висина од 4000 евра?! Дали Велковски извршил активности спротивно на закон и со тоа си го обезбедил одморот?! МВР е сериозна структура која работи по принципот на строга хиерархија и субординација, оттука се поставува прашањето дали за ваквите негови активности знаел и Оливер Спасовски и дали тој премолчел или можеби учествувал во истите?!, праша Ѓорѓиевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ очекувааат ДКСК и ЈО веднаш да отворат случај.

Ѓорѓиевски вели дека Велковски не застанал тука, злоупотребите ги продолжил и со користење на службено возило за приватни потреби исто така во времетраење од 2 месеци.

-Се поставува прашањето дали со тоа е извршено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 од КЗ?! Велковски со оваа активност го оштетил и буџетот на Република Македонија со тоа што со службеното возило кое го користел приватно причинил сообраќајна незгода. Одговорност за ова се уште нема, потенцирање Ѓорѓиевски.