Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле вкупно 29.015. 690 лица. Од нив починале 925.603 пациенти, а излекувани се 20.890,689 луѓе.
Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Иран се зголеми за 2.089 на 402.029, изјави денеска портпаролот на Министерството за здравство. Земјата, исто така, соопшти за 128 нови смртни случаи во изминатите 24 часа. Портпаролката Сима Садат Лери изјави дека официјалниот број на жртви од Ковид-19 во Иран, една од најпогодените земји на Блискиот исток, е 23. 157 лица.
Руските власти денеска соопштија за 5.449 нови случаи на инфекција и 94 смртни случаи, додека други 2.690 пациенти са излекувани од Ковид-19.
Во Русија од почетокот на пандемијата со коронавирус се заразиле 1.062.811 лица, додека 18.578 пациенти досга умреа како резултат на Ковид-19.
Во последните 24 часа во Украина се евидентирани 2.476 нови случаи на инфекција со коронавирус. Иако денешното зголемување е за 21 процент пониско од рекордот забележан во петокот, Украина, сепак, има голем број нови инфекции.
Од почетокот на пандемијата заразени се 154.335 лица, а 3.178 умреа во Украина, вклучително и вчера регистрираните 30 смртни случаи.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц ги предупреди граѓаните на драматичната состојба во врска со епидемиолошката состојба и проценува дека земјата наскоро ќе се соочи со 1.000 новоинфицирани лица дневно.
-Тоа со што се соочуваме е почетокот на вториот бран. Бројот на новоинфицирани расте од ден на ден, посочи тој во писмената изјава за агенцијата АПА.
Австриската армија евакуираше двајца свои војници, припадници на меѓународната мисија КФОР, од Косово, бидејќи тие се заразиле со коронавирус.
Со воен транспортен авион „Ц-130 – Херкулес“, армијата ги вратила двајцата своите припадници во Австрија, од кои едниот е тешко болен.
Во Словенија меѓу 1.793 тестирани примероци, коронавирус е потврден кај 99 лица, додека денеска не се пријавени нови смртни случаи од Ковид-19.
Од почетокот на пандемијата во Словенија биле заразени 3.702 лица, а 135 умреа.
Во Босна и Херцеговина, во последните 24 часа се регистрирани 327 случаи на коронавирус, а шест лица умреа, наведуваат денеска здравствените институции во земјата.
Нови случаи се регистрирани во сите кантони во Федерацијата БиХ, освен во Босанско-Подриње, пренесуваат медиумите во БиХ.
Во Унгарија, бројот на потврдени случаи на коронавирус се зголеми за 484, а уште четири лица умреле, објавено е денеска на официјалната веб-страница koronavirus.gov.hu.
Вкупниот број на заразени е 12.309, а вкупно 637 лица умреле од почетокот на пандемијата, пренесува агенцијата МТИ.
Во Романија се потврдени нови 1.109 случаи на коронавирус, а вкупниот број на заразени сега изнесува 103.495, објавено е денеска во Букурешт.
Во последните 24 часа од Ковид-19 умреле уште 36 лица, пренесе Аџерпрес.
Од почетокот на епидемиојата во Романија умреа вкупно 4.163 лица.
Во последните 24 часа, во Србија биле потврдени 108 нови случаи на коронавирус од 3.082 тестирани примероци.
Во последните 24 часа две лица умреа од вирусот, објавено е на веб-страницата covid19.rs. Во Србија досега се тестирани 1.028.058 лица, а потврдени инфекции има вкупно 32.408. Од Ковид-19 досега умреле вкупно 733 лица.
Во Косово во изминатите 24 часа се регистрирани седуммина починати, 71 новозаболен и 163 излекувани од Ковид-19. Вклучително последните официјални подаатоци, во земјата од почетокот на епидемијата има 596 смртни случаи и 14.637 заразени. Болеста ја совладале вкупно 11.435 лица, така што активни се 2.760 случаи.
Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се 168 новозразени, оздравеле75 додека во болница умреле пет лица.Со последно направните 877 тестови, до сега тестирани се 73.904 сомнителни случаи, позитивни биле 11.353, закрепнале 6.569 а умреле 334.
Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 207 нови случаи на Ковид-19, речиси 100 помалку од вчера, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 13.240 лица.
Паралелно, регистрирани се и три смртни случаи, а од почетокот на епидемијата починаа вкупно 305 лица.
Министерството за здравство на Кипар соопшти три нови случај на Ковид-19, од направени 2.810 тестови во изминатите 24 часа, со што бројот на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 1.526 лица.