Официјални претставници на Венецуела синоќа соопштија дека нивните воени сили собориле американски авион употребуван за криумчарење дрога. 

-Уништен авион за криумчарење дрога со регистрација на САД што влегол нелегално во воздушниот простор на Венецуела, соопшти на Твитер Нестор Реверол, министер за внатрешни работи на Венецуеала. 

Се укажува дека леталото незаконски вегло во воздушиот простор на земјата во државата Сулија. Министерот приложи и фотографии од соборениот авион. 

Во Венецуела има закон, потпишан од Николас Мадуро во 2013 година, според кој армијата може без предупредување да соборува авиони над територијата на земјата осомничени дека работат за нарко картелите или превезуваат дрога.