Името не му го споменувам зошто тоа име личи да го носат: Петре М. Андреевски, Петар Мазев, Петре Бакевски, Петар Челик, па и Перо Камиказа, да речеме! Името во превод значи камен на старогрчки, а на овој за кого ќе пишувам може да биде само песок од Вардар, или подобро речено – тиња.
Овој текст немаше да постои доколку горе споменатиов лик што презимето му почиња на Ш……. не изјавеше во еден портал дека конечно паланката Скопје ја направил метропола со настапот на Дино Мерлин. Види Бога ти!? Во прилогот што следи ќе видите дека Скопје многу пред он и да знае дека се пречекува Нова година на плоштад веќе бил метропола. И тоа со писанија во светски часописи. А чинело 10 пати помалку. Кај испариле парите?!
За вакви суми какви што читате подолу од прикажаните документи, драги сограѓани, можеше да не забавува Стинг, Ерик Клептон или Дуа Липа (за да бидат задоволени и коалициските…).
Во прилозите кои ги гледате, еве го патот на парите (или патот на свилата) или арачот кој одредени особи го наплатиле од нашите пари т.е. даноци. Само за овој настан вкупната сума изнесува над 260.000 евра, а тука се хонорарот на Дино 100к, за озвучување 100к (ја чудим – ово многу јако!) и 65к за организација.
Тоа што раскажуваше гачки дека тие пари што ги праќал во МКЦ се наменети за дочекот на ракометарите е чиста лага. Во прилогот има друга фактура која покажува дека за таа ракометна намена се исплатени други 539.305,00 денари и носи друг број на договор.
За да направите споредба со цените ви презентирам 2 фактури од мојата фирма КЛС за прославите на плоштад во 2013 и 2014 година како и фотографии од истите, за да видите за колку пари што се добило. Преку 30 македонски изведувачи, од разна етничка припадност, добија хонорар за својот настап, платија данок на државата, а КЛС плати ДДВ, како што се гледа од приложените фактури. Во тие две години францускиот LE MONDE пишуваше дека Скопје е ставено на мапата на светските метрополи по грандиозноста на пречекот на новата година, според сите културолошки и технички аспекти. За далеку помали пари, да речеме едно 10 пати помалку.
Јас цело време верглам за Здраве Бокица а он да ти бил само еден (додуша битен) крак од октоподот, но не и единствен. А главата, главата да ти била овој што презимето му почиња на Ш…….
За Winterland и осветлувањето на Скопје за Нова година 2020 ви оставам на вашата фантазија да замислите колку би можело да кошта.
За МКЦ, кој е наводно алтернативно место за културата на младите, е всушност едно од главните дувла за правење разно-разни матни работи. А за жал не е идинствено. За тоа во деновите што следат.
Инаку „тајниот“ спонзор кој даде средства за настапот на Дино Мерлин сме ние граѓаните. Или што би рекол Кочо Рацин: „Копај си црни гробови за туѓи бели дворови!“.
Искрено ваш,