Во Словенија од денеска е задолжително носењето заштитини маски и на отворено во случаи кога е невозможно да се држи физичка дистанца од најмалку два метра.
Таквата мерка е донесена синоќа од Владата со цел да се сузбие епидемијата на новиот коронавирус.
Носењето заштитни маски во затворен простор е задолжително уште од пролетта.
Досега во училиштата се носеа маски само во заедничките зони, а сега учениците и наставниците од повисоките одделенија ќе мора да носат заштитни маски во текот на целиот престој во училиштата ако не постои можност за физичка дистанца.