На информацијата на Министерството за образование дека бројот на деца во Македонија без ИТ-уред за следење на онлајн настава е 40.000, реагираше пратеникот Димитар Апасиев.
Тој кратко напиша дека тоа е истиот број со оној на бројот на долари кои како стипендија за студирање во странство ги добила ќерката на актуелниот вицепремиер за евроинтеграции, Никола Димитров.
– Бројот на дечиња без компјутер (40.000) е ист со бројот на долари (40.000 $) кои оваа држава ги исплати на ќерката на министерот Димитров за да студира во Холандија. Толку е постот, напиша лидерот на Левица на Фејсбук.