Манекенката во својата вила во Лос Анџелес живее со четири кучиња.
Хајди Клум, меѓу другото, позната е и како голем љубител на кучиња. На една од пшоследните објави на Инстаграм таа позира целосно гола, лежејќи на под покрај нејзиното куче Антон.
-Идеме, Антон- напиша под фотографијата.
Хајди одамна ја има деактивирано функцијата за коментирање на Инстаграм, па затоа нејзините фанови не можеа да ја искоментираат оваа несекојдневна фотографија.
Манекенката во својата вила во Лос Анџелес живее со четири кучиња. Покрај Антон, тука се Макс и Фреди, додека нејзиниот маж, музичарот Том Каулиц, го донел и своето куче Скоти.
Антон живее со парот од април, а Хајди и Том купиле ново куче како свадбен поклон. Дека се поврзани со своите кучиња, манекенката покажува и на својот Инстаграм профил. Освен што животните можат да лежат во кревет, Хајди покажа и дека се тушира заедно со Антон.