Судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година продолжува на 28 септември со завршни зборови на одбраната.
Македонија и по 7 години се уште „боледува“ од „шлаканиците од Груевски за Жерновски“. Република Македонија од сите страни трпи економски и политички удари, но вниманието на народот и натаму се насочува кон „тероризмот на Груевски“ и наводно нарачаните шлаканици за тогашниот градоначалник на Општина Ценатр, Андреј Жерновски
За волја на вистината, на Жерновски ни влакно не му фали. Тој истера мандар како градоначалник, и уште еден како заменик министер за надворешни работи во владата на Зоран Заев, а обвинителите од растуреното Специјално јавно обвинителство и натаму бараат „затвор за Груевски“, кој пак има политички азил во Европската унија, односно во Унгарија.
На денешното рочиште, завршни зборови дадоа Обвинителството и одбраната на обвинетите Никола Груевски и Александар Трајковски.
Адвокатот Јовица Страшевски, бранител на обвинетиот Трајковски, во завршен збор пред Судот пушти неколку видеа од протестите на Шарената револуција пред канцеларијата на претседателот, од пред Собранието и Владата.
– Може да видите како се оштетува канцеларијата и зградите, како се навредуваат случајни минувачи и полицијата, но обвиненијата за сите се за учество во толпа, а не за насилство, изјави Страшевски.
Обвинителството, нагласи тој, не го докажа во ниту еден елемент делото насилство и барам да биде ослободен.
Обвинителката Фатиме Фетаи во завршен збор побара од Судот казните за поттикнувачите на насилствата пред Општина Центар, Никола Груевски и Миле Јанакиески да бидат најстроги за да се одвратат сите други од такви намери во иднина.
– Предлагам судот да ги прогласи виновни и да им изрече соодветни казни, а притоа да се има предвид и интензитетот на дејствијата. За поттикнувачите немам сомнеж дека треба да бидат најстроги за да се одвратат сите други од такви намери. Во однос на извршителите сите ги извршиле дејствијата, меѓутоа само за Игор Бошковски предлагам алтернативна казна поради интензитетот на неговите дејствија, изјави Фетаи.
Адвокатот по службена должност, на првообвинетиот Никола Груевски, рече дека целото дело се докажува само со еден разговор што е нелегално прибавен и го оспоруваме.
– Помилувањето за ова дело за Никола Груевски не може да се отповика. Таа постоела во моментот на покревање на ова обвинение и Судот не смеел да го прифати, изјави бранителот на Груевски.
Процесот го води судијата Душко Јосифовски.
Обвинителството на почетокот се откажа од гонење за лицата Даниела Рангелова, Милан Андонивски и Борче Богдановски.