Повторно сме сведоци на еден апсурд, а тоа е дека ја малтретираме јавноста и вас и Судот и себе со апсурдни работи кои што ги смислува власта. Имено денес најмоќниот живот во државата, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев ме тужи за клевета. Ова е работа која што не е видена во демократскиот свет иако не може да најдете ни една демократска држава, европска држава, држава членка на Европска Унија каде Македонија сака да стане дел каде што премиерот, најмоќниот човек во државата за политичка изјава тужи за клевета потпретседател на најголемата опозициона партија, изјави денеска пред судот потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.