Владата на Виктор Орбан денеска постигна договор со Медицинскиот синдикат за како што наведува Ројтерс, „остро“ зголемување на платите на лекарите и медицинскиот персонал, пренесува бугарскиот „24 часа“.

Договорот е постигнат во денови кога Унгарија бележи пораст н заразените од Ковид 19 и се очекува, тој број да се зголемува. Во последните 24 часа, бројот на позитивни е 1086 со што вкупниот број достигна 29 717, со 812 починати.

Македонија која има пет пати помалку број жители од Унгарија има над 18 илјади заразени и над 700 починати.

Според постигнатиот договор, кој ќе се реализра постепено до 2023  година, општите лекари треба да достигна плата од 1 900 до 2 300 евра, а повозрасните лекари и тие кои работат во секундарната и терцијарната лекарска дејност ќе имаат и до три пати повисока плата.

Целта е да се мотивираат лекарите во сегашната состојба, но и да се намали одливот на стручен кадар од Унгарија кон западните земји. Унгарија, како и други источноевропски држави во овој момент има недостиг од лекари и од медицнски персонал.