На денешниот Live chat со граѓаните, на прашањето за епидемијата со Ковид 19, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна:
Апсолутно ја разбирам практично загриженост која што преку ова прашање гледачот ја изразува. Она кое што во суштина уште самиот почеток беше погрешно кај владата, кај ресорниот министер, но и оние останати министри кои што парадираа на оние прес конференции преку најголемиот дел медиумите во Македонија беше голиот пи-ар практично нивното маркетиншко презентирање преку македонската јавност, а во суштина немаше никаква суштина. Практично сите оние мерки кои што во тоа време беа предлагани, беа мерки кои имаа за цел да ги заробат граѓаните да создадат една паника, а овие луѓе да се претстават како спасители како луѓе кои што ја спасиле нацијата од оваа пандемија, рече Мицкоски и додаде:
Фактот е дека покрај заробената држава, покрај тоа што се преземаа мерки во насока на злоупотреби на предвремените парламентарни избори, ние не добивме буквално ништо суштинско што би значело спречување на ширењето ан оваа пандемија. Ќе ве потсетам не беа 2500 луѓе, туку беа 2000 луѓе кои што се предвидуваше да бидат заразени на оваа пандемија во Македонија и неколку десетици луѓе кои за жал ќе ги загубат животите, тоа се десетица семејства кој што ќе останат најмалку без еден член на нивното семејство кој за жал ќе го загуби животот поради оваа пандемија. Но, таа не само што не беше точна туку катаклизмично погрешна. Зошто? Затоа што денеска сме рекордери и практично можеме да кажеме дека доаѓаме до 1 процент од попишаното население кое е заболено од оваа пандемија, а веќе се движиме до бројката повеќе од 18.000 и повеќе од 700 луѓе кои што го загубија животот поради оваа пандемија а тоа се повеќе од 700 семејства кои што останаа со помалку од еден член во нивното семејство. И она што најмногу мене ме загрижува како човек, како ете би рекол пред се универзитетски професор и политичар е тоа што мува не ги лази за тоа што го прават, нема никаква одговорност поради сите лоши проценки, поради дебаклот на отворена сцена кој што се случува, потенцира Мицкоски.
Она што ВМРО-ДПМНЕ уште на самиот почеток го предлагаше беше на крајот на февруари месец од 2020 година кога практично претседателот на комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ заедно со членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, и Синиша и Игор зборуваа дека Македонија се наоѓа пред исклучително предизвикувачка ситуација бидејќи практично ковид пандемијата се очекуваше да пристигне во нашата земја и притоа предложија голем број на сет на мерки кои во тоа време требаше да ги преземе соодветниот министер и министерството. Ќе ве потсетам на неговата легендарна изјава дека некој се обидува да создаде паника и дека толку колку што се претставува ситуацијата од ВМРО-ДПМНЕ не е алармантна. Ако малку слушаа од тоа што тогаш ВМРО-ДПМНЕ го предлагаше, ние денеска немаше да се наоѓаме во една ваква ситуација.