Засилувањето на ПСВ, Марио Геце, го нарече трансферот во холандскиот клуб поинаков предизвик.

– Имавме пријатни преговори со главниот тренер на тимот па јас сериозно размислував за преселба во Холандија. Ова лето имав многу понуди, но јас сум чувствителна личност и донесувам свои одлуки. Чувствувам дека сум подготвен за еден сосема поинаков предизвик и сигурен сум дека овој трансфер ќе биде вистински потег за мене, изјави Геце за клупската веб-страница.

Дваесет и осумгодишниот Германец се приклучи на новиот тим како слободен агент.